Како што велат нашите информации од градот под Шара, Хуан Фелипе е летното засилување на Шкендија. Пред неколку денови паднало договор, останува само некои детали да се прецизираат и наскоро Бразилецот да и биде претставен на јавноста како едно од најголемите засилувања пред настапот во квалификациите во Лигата на Шампионите.

Инаку Фелипе тимот од Тетово го „лови“ веќе две години, проблем беше тоа што „кариоката“ беше под договор со Вардар, сега тој е слободен и без проблем доаѓа во Тетово. Секако дека со Фелипе тимот на стратегот Ќатип Османи ќе биде многу, многу посилен.