Алжирскиот фудбалер Харис Белкебла беше воодушевен кога минатиот месец доби место во националниот тим за престојниот Африкански куп, меѓутоа сега нема да учествува поради бизарна причина, поточно кажано поради своја глупост.

Белкебла е член на францускиот второлигаш Брест, а претходно никогаш не играл за сениорскиот тим на Алжир, а настапувал за У23 и за Олимпискиот тим. Ќе почека на дебито…

Имено тој ја делел собата со голманот Александре Окиџа кој играл „Фортнит“ на Плејстешјн и вршел пренос во живо. Додека тој играл, Белкебла во позадина ги соблекол панталоните покажувајќи го задникот на гледачите.

Селекторот на Алжир реши да го исклучи од националнио тим за Купот на африканските нации, а можеби и да не го викаат повеќе.

На негово место повик доби Мохамед Бенкемаса.