Репрезентацијата на Грција, последниот противник на Македонија во квалификациите за ЕУРО 2020, за малку ќе ни завршеше работа во групата три. Грците вечерва во Кожани приредија нова сензација, реми со Исланд 28:28 и со тоа ни помогнаа да останеме на врвот во групата три, но работата не е готова.

Македонија мора да ја победи Грција в недела во Струмица доколку сака да остане прва. Во спротивно Исланд би можел да го превземе врвот со оглед на тоа дека во последното коло игра со Турција дома.

Грција имаше и шанса и за победа вечерва. На 50 секунди до крајот на натпреварот имаше водство од 28:26, но дозволи Исланд да врзе два гола во низа и да извлече бод на ова гостување, со кој исто така се промовираше во учесник на континенталното натпреварување.