Матајс де Лихт следната сезона ќе го носи дресот на ПСЖ. Оваа информација ја потврди познатиот италијански новинар, Ди Марцио, струњак за големите трансфери. Менаџерот на холандскиот фудбалер, Мино Раиола следните денови ќе отпатува за Париз да го комплетира трансферот на 19-годишниот фудбалер.

Де Лихт го одбра ПСЖ пред Барселона, добро е познато дека каталонскиот гигант беше еден од главните кандидати, но се чини дека тој имал други планови.

Ајакс за услугите на својот играч треба да инкасира од 75 до 80 милиони евра.