Кевин Дурент претрпе тешка повреда во петтиот финален натпревар. Еден од најдобрите кошаркари во НБА-лигата одлучи да се жртвува иако не беше доволно опоравен по проблемот со мускулот. Сето ова беше главна причина за уште една тешка повреда.

Настрада „Ахиловата тетива“, во наредните денови ќе оди на прегледи во Њујорк по што ќе биде познато колку време ќе биде надвор од терените.

Според америкчките медиуми, Дурент ќе мора да донесе важна одлука за неговата кариера, ова лето требаше да потпише повеќегодишен договор со други тимови, но повреда промени се.