Горан Крстевски од следната сезона ќе го носи дресот на австриски Линц. За македонскиот репрезентативец и екс-член на Еурофарм Работник ова е прв интернационален предизвик, според информациите од тамошните медиуми потпишал двегодишен договор.

Крстевски играше за Металург, а во последните три сезони го носеше дресот на битолскиот тим, Работник. Тој не отпатува со репрезентацијата на Македонија во Турција, се најде на списокот од 22 ракометари.