Откако избори место во Серија „А“, Лече тргнува во градењето на тимот за следната сезона. Италијанскиот прволигаш планира да оди на шопинг на Сицилија во тимот на Палермо, и тоа во пакет да ги ангажира двајцата македонски репрезентативци Александар Трајковски и Илија Несторовски.

Според „Туто Меркато“, Лече за двајцата ќе понуди почетна цена од околу 7 милиони евра.

Од друга страна, пак, Палермо во меѓувреме ја одреди цената за Несторовски. Таа изнесува 7-8 милиони, со тоа тешко дека ќе ги добие услугите на двајцата за таа цена.

За Несторовски има интерес и од неколку италијански клубови, како и од Црвена Звезда која гледа идеален голгетер за настапите во квалификациите за ЛШ.

Оваа недела Палермо треба да одлучи што ќе прави со Несторовски и со Трајковски, односно да се реши дали ќе ги продава, или, пак, ќе ги задржи во своите редови.