Македонија има негатива од два гола, 13:11 по првите 30 минути на гостувањето во Турција во претпоследното коло од квалификациите за ЕУРО 2020.

Имавме одлично отворање на натпреварот и на двапати и највисока предност од четири гола (3:7, 4:8), но по тајм-аутот на Турција, односно по 7:10, како се да тргна надолу за нашите момци.

Проблеми со организацијата на нападот, а и Озмусул со девет интервенции одлично го чуваше својот гол, додека на спротивната страна, Ристовски не е на ниво на задачата, а ниту дефанзивната линија не делува сјајно. Немаме решение за Пеливан, кој со шест погодоци е прв стрелец.

Серија од 5-0 ни направија Турците, не оставија без погодок нешто повеќе од седум минути и дојдоа до 12:10 на минута до крај, а потоа и со 13:11 замина на паузата.

Се обиде да ротира селекторот Данило Брестовац, па така во првите 30 минути својата шанса ја искористија и Борјан Маџовски, кој дури на двапати ја затресе мрежата на противникот од контра, како и Димитар Димитриоски и Марио Танкоски.