Додека Осасуна и Гранада веќе го прославија пласманот во најсилната шпанска лига, останува да биде одлучен третиот патник во Ла Лига. Во полуфиналето во плеј-офот се соочуваат Ла Коруња – Малага и Мајорка-Албасете.

Денеска се игра мечот на „Ријазор“ во кој Ла Коруња влегува како мал фаворит против Малага. Депортиво малку забави во последните недели со оглед на тоа дека има три победи на последните шест натпревари, две нерешени и еден пораз. Сите тие натпревари ги одбежаа мал број на погодоци. Поради тоа влегоа во овој плеј-оф од шестото место.

ШПАНИЈА 2 – Плеј-оф (Прв натпревар)
ЛА КОРУЊА – МАЛАГА
Среда, 21.00 ч.

ПРЕДЛОЗИ
ВГ 0-2    1,47
КТ Х       3,00
*квотите подлежат на промени

Од друга страна Малага направи серија од пет победи од кои две беа на гостински терени и така го зазема третото место. За разлика од ривалот некогашниот четвртфиналист на Лигата на шампионите игра ефикасно и често ги завршуваат натпреварите со 2+ погодоци.

Сепак важноста на мечот може да си го направи своето и не веруваме во голеада. Всушност и нивните два лигашки натпревари оваа сезона завршија без победник – на „Ријазор“ беше 1:1, а на „Розаледа“ без голови. Првиот меч беше исполнет со контроверзии, а Кике Гонзалез беше исклучен поради неспортски потег. Стрелецот на голот за Малага Н’Диаје нема да игра вечерва затоа што е на подготовки со Сенегал за Африканскиот куп.

И сега очекуваме мал број на погодоци и Х што значи дека нема уште сега да биде појасен патникот во финалето.