Остануваат уште два часа до стартот на квалификациската пресметка меѓу Турција и Македонија за пласман на ЕП 2020 година. Нашиот најдобар национален тим во Ескишехир дојде за печат на европската виза, но и за останување во игра за она посакувано прво место во групата кое по четири одиграни кола го делиме со Исланд. Двете селекции имаат по пет бода.

Директен пренос од овој дуелот Турција и Македонија ќе врши Телма. Домаќинот се пофали дека сите влезници се распродадени, па оваа мала сала која има капацитет од околу 2.500 места е распродадена.