Откако го претставија Лука Јовиќ и ги потврдија Еден Азар од Челси, Едер Милитао од Порто и Родриго Гоес од Сантос, Реал Мадрид денеска објави дека ангажирале уште еден фудбалер, а тоа е Ферлан Менди од Олимпик Лион. Фудбалерот стави потпис на шестгодишен договор поточно до 30 јуни 2025 година, а ќе биде претставен идната среда на „Сантијаго Бернабеу“. Реал за него ќе плати 48 милиони евра за овој играч.

Менди има 24 години и игра на позицијата лев бек, а во 2018 година дебитираше и за француската репрезентација и досега има три настапи. Неговото доаѓање на „Бернабеу“ веројатно значи дека Марсело ќе оди на продажба. Бразилецот неколку пати беше поврзуван со други клубови но се чини дека мадриѓаните сега ќе го продадат.

Реал за пет фудбалери потроши 319 милиони евра. Азар (100 милиони), Јовиќ (65), Едер (50), Родриго (54) и Менди (48).