Голманот на Зенит и рускиот национален тим Андреј Лунев предизвикал тепачка на аеродромот „Внуково“ во Москва. Според информациите, 27-годишниот голман се степал со службеник на авиокомпанијата „Русија“, а според очевидци бил пијан.

По мечот меѓу Русија и Кипар, Лунев требало да се качи на авионот за Санкт Петербург, но по инцидентот е приведен од полицијата. Тестовите покажале дека 0,77 промили на алокохол во крвта, а притив него е покренато обвинение за физички напад.