Многу возбудувања донесе 5, претпоследно коло од циклусот за ЕУРО 2020, па по сензацијата на Летонија против Словенија (25:24), ремито на Грција со Исланд (28:28), Косово е уште една селекција која се најде на оваа листа. Тие ремизираа со Полска (23:23).

Имаа константна предност Косоварите во дуелот пред својата публика и на минута до крајот водеа со 22:20, но Полска го искористи своето знаење и искуство за да постигне два гола во низа кога беше најпотребно и со бод да си замине од ова гостување.

Истовремено Полјаците се спасија, односно ги одржаа во живот своите шанси за пласман на ЕП, како дел од најдобрите третопласирани селекции.