Откако Ајнтрахт Франкфурт за сума од 60 милиони евра го продаде Лука Јовиќ во Реал Мадрид, сега и својот втор фудбалер се сели во Мадрид.

Според последните информации, Анте Ребиќ ќе биде дел од Атлетико, како замена за Антоан Гризман кој што, веројатно, ќе биде нов фудбалер на ПСЖ.

Се споменува дека Хрватот ќе се пресели кај Диего Симеоне за сума од 40 милиони евра, далеку под онаа за која Гризман ќе биде продаден (100 милиони).

Од Ајнтрахт пред неколку дена изјавија дека сакаат да ги задржат сите играчи, но дека едноставно не можат да им одолеат на понудите од големите клубови.