Во моментов трае презентацијата на Србинот Лука Јовиќ како нов фудбалер на Реал Мадрид. Презентацијата е на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ пред неколку илјади навивачи на „кралевите“.

И натаму не е познато кој број ќе го земе Јовиќ.

Тој дојде од Ајнтрахт Франкфурт за сума од 60 милиони евра.