Македонскиот стопер Ристе Митревски во следните две години ќе го носи дресот на романскиот прволигаш Сепси. Тој во оваа екипа доаѓа од Хапоел Хаифа каде што играше во последната сезона.

Митревски во минатото играше и за Истра, Доњи Срем, Сараево, а беше дел и од Металург, Тетекс, Напредок, Победа и Работнички.

Информацијата ја потврди и романскиот тим на својот профил на „Фејсбук“.