Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски. има понуда од тим од Русија.

Станува збор за новиот прволигаш Сочи, кој што лани стапи на сцена во рускиот шампионатм и веднаш напредуваше до најсилната Лига во Русија. Согласно последните информации, веќе се прави играчки кадар за добар настап во „елитата“. Покрај Димитриевски, тимот сака да се засили уште и со репрезентативци на Летонија, Литванија, Ерменија, па дури и на Русија.

Финансиската понуда била одлична, ќе има и за клубот Рајо, и за самиот Димитриевски. За него има интерес и од шпанските Валенсија и Еспањол.

Сочи е тим формиран во 2018 година, а игра на новиот „Фишт“ стадион кој беше изграден за потребите на минатогодишниот Мундијал.