Селекцијата на Македонија до 16 години, вчера во контролен натпревар со 3:1 го совлада составот на Азербејџан во меч одигран на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.

Стрелци на головите за нашата репрезентација беа Гуџуфи во 3. и во 8. минута, и Буќи во 53. минута.

За нашата селекција во првите 11 настапија: Тасев, Павлески, Јаневски, Зекири, Бучи, Ангелов, Хамза, Талевски, Елези, Гуџуфи и Ѓоргиев.