Шпанскиот тенисер Рафаел Надал во неделата по  12-ти пат во кариерата го освои Ролан Гарос, а тоа беше негов 18-ти Грен Слем трофеј. Шпанецот стана првиот тенисер во историјата кој во поединечна конкуренција 12 пати освоил еден Грен Слем турнир. Тоа го направи на земја, неговата омилена подлога.

Шпанскиот тенисер е дел од оние спортисти кои се суеверени кои се наклонети на ритуали пред да започнат нешто. Тој е всушност роб на своите ритуали затоа што ги има премногу… дури 19!

СЕКОГАШ СЕ ТУШИРА СО ЛАДНА ВОДА ПРЕД НАТПРЕВАРИТЕ

ИЗЛЕГУВА НА ТЕРЕНОТ СО ЕДЕН РЕКЕТ ВО РАКАТА

Screen Shot 2014-06-04 at 6.03.37 PM

СЕКОГАШ ВЛЕГУВА НА ТЕРЕНОТ И ГИ ПОМИНУВА ЛИНИИТЕ СО ДЕСНА НОГА И НИКОГАШ НЕ СТАПНУВА НА НИВ (СЕКАКО ТОА ВАЖИ ЗА ПАУЗИТЕ).

nadal-step2

КОГА ЈА ПОСТАВУВА ТОРБАТА НА КЛУПАТА, ЈА ВРТИ ИДЕНТИФИКАЦИСКАТА КАРТИЧКА НА ЛИЦЕ. ПОТОА ГИ ИЗРАМНУВА КРПИТЕ И СТОЛЧИЊАТА.

Screen Shot 2014-06-04 at 6.04.49 PM

НЕГОВИТЕ ШИШЕНЦА СЕ ДИЈАГОНАЛНО РАСПОРЕДЕНИ НА ТЕРЕНОТ, ПОТОА ГО ОТВАРА ПРВОТО СО ЕНЕРГЕТСКИ ПИЈАЛОК, ПИВНУВА МАЛКУ И ГО ВРАЌА НА ИСТОТО МЕСТО, А ПОТОА ПИВНУВА ОД ШИШЕТО СО ВОДА И ГО ВРАЌА НА ИСТОТО МЕСТО.

Screen Shot 2014-06-04 at 6.08.06 PM

Screen Shot 2014-06-04 at 12.04.12 PM

Screen Shot 2014-06-04 at 6.07.54 PM

ПРЕД ДА ПОЧНЕ МЕЧОТ, СУДИЈАТА И ПРОТИВНИКОТ СЕКОГАШ НЕГО ГО ЧЕКААТ. СПОМЕНАТИТЕ ШИШЕНЦА МУ ГИ ДАВА НА СОБИРАЧОТ НА ТОПЧИЊА ДА ГИ СТАВИ ВО ФРИЖИДЕР.

ЕНЕРГЕТСКИОТ ГЕЛ СЕКОГАШ ГО ЈАДЕ НА ИСТ НАЧИН

Screen Shot 2014-06-04 at 11.49.54 AM 1

ПОТСКОКНУВА ДОДЕКА ЈА СОБЛЕКУВА ЈАКНАТА СВРТЕН СО ЛИЦЕТО КОН ПУБЛИКАТА, А ПОТСКОКНУВА И ДОДЕКА СУДИЈАТА ЈА ФРЛА ПАРИЧКАТА.

Screen Shot 2014-06-04 at 11.50.21 AM

ТУКА СЕ И РИТУАЛИТЕ ЗА СЕРВИС. НА ЗЕМЈЕНИТЕ ТЕРЕНИ ПРВО ЌЕ ЈА ИСЧИСТИ ЦРТАТА, ПОТОА ЌЕ ГИ НАМЕСТИ ГАЃИТЕ НА ЗАДНИОТ ДЕЛ, ПА ЌЕ СЕ ИЗБРИШЕ ПО НОСОТ, ЈА СТАВА КОСАТА ЗАД ЛЕВОТО УВО, ПАК НОСОТ, ПА КОСАТА НА ДЕСНА СТРАНА.

nadal-hair

ПОСЛЕ СЕКОЈ ПОЕН БАРА КРПА, А ПРИ ПРОМЕНА НА СТРАНИТЕ СЕКОГАШ ГО ЧЕКА ПРОТИВНИКОТ НА МРЕЖА.