Македонската ракометна репрезентација денеска (18 часот) и гостува на Турција во рамките на претпоследниот квалификациски меч за пласман на ЕП 2020 година. Победа на овој меч значи печат на билетот за настап на ново континентално натпреварување.

Данило Брестовац и неговите момци на овој дуел влегуваат како фаворити, но повеќе од јасно е дека нема да биде лесно против домаќинот. Салата „Порсук“ во Ескишехир е распродадена, на трибините се очекува да има околу 2.250 навивачи, кои посакуваат одмазда за поразот во Битола (31:27) и секако продолжување на сонот за освојување на барем второто место на табелата пред стартот на последното коло.

Македонија по четири одиграни меча во овие квалификации има пет бода исто колку и селекцијата на Исланд, додека пак Турција има само еден бод помалку.