Нешто повеќе од 15-тина минути од натпреварот меѓу Турција и Македонија во Ескишехир, а кружниот напаѓач на нашиот национален тим, Стојанче Стоилов веќе мораше да смени дрес.

Турците не знаеја поинаку да го запрат пикерот, кој досега изнуди еден седмерец и даде еден гол, а создава и одличен простор за бековите во нападот.

Македонија има водство од два до четири гола во овој период од играта, додека противникот игра грубо, на раб на исклучување, со оглед на тоа дека и за нив овој меч е важен за да дојдат до бодови кои би можеле да им донесат премиерен настап на едно Европско првенство.