Вуко Борозан и официјално потпиша за Веспрем, оваа информација ја потврди унгарскиот тим. Челниците на клубот му понудија двегодишен договор со можност за продолжување на уште една година.

Црногорскиот бек го направи најлошиот потег во неговата кариера, наместо да остане со Вардар, тој пред четвртфиналниот дуел со Пик Сегед си ги собра парталите поради долгувањата од страна на челниците. Македонскиот првак процвета без него, не само што се пласираше во полуфиналето, туку и се искачи на тронот во Европа.

На Борозан може да му порачаме дека го чекаме во СЦ „Јане Сандански“….