Нашиот шампион денеска се пофали со нов дизајн на својот клупски автобус, еден од најмодерните што постои во земјата. Има нови моменти, бои и шара на екстериерот. Убаво изгледа, уште да се покаже како среќлија во поглед на Европа и ќе биде навистина одлично. Да потсетиме дека Шкендија во изминатите три години, со стариот дизајн на автобусот никако не можеше да го мине плеј-офот во Лигата на Европа.