Украинскиот шампион Шахтјор Доњецк го пушти португалскиот тренер Пауло Фонсека во Рома, а на негово место донесе негов сонародник. Шахтјор реши да го назначи Луис Мануел Рибеиро де Кастро на кормилото, што е 33-ти тренер во историјата на клубот.

57-годишниот специјалист потпиша двегодишен договор, а претходно беше тренер академијата, Б и А тимот на Порто, Рио Аве, Шавес и минатата сезона на Виторија Гимараeш.