Бесмир Бојку е на излезна врата од Шкендија, но сепак тој се уште е фудбалер на шампионот на Македонија. Имено иако  играчот за врска на тетовци има договор со шампионот на Косово, тимот на Фериникели, Бојку сеуште е фудбалер на Шкендија. И за тоа дали ќе оди во Косово или пак и наредната сезона ќе игра за црвено – црните од Тетово, се прашува Шкендија. Раководството на првакот треба да каже дали Бојку ќе оди во тимот на стратегот Зекирија Рамадан, тим кој што изминатата сезона ја освои двојната круна, на позајмица, ќе оди како слободен играч или пак косоварите ќе мора да платат отштета. Четвртата варијанта е, како што рековме, да остане во Шкендија.