Бразилецот од екипата на Вардар, Жуниор Реис Родригез, ќе се пресели во екипата на белградски Партизан. Како што информираат српските медиуми, 23-годишниот дефанзивец веќе се договорил со „црно-белите“ и како слободен фудбалер ќе замине во Белград.

Бразилецот бил желбата на тренерот Саво Милошевиќ. Иако Жунињо има договор со Вардар до 2020 година, тој ќе го раскине договорот предвреме, поради неисплатени обврски, велат белградските медиуми. Жуниро дојде во Вардар во јануари оваа година и само по една полусезона заминува од „црвено-црните“.