Европската ракометна федерација ги објави 21 екипи што добија директно место во групите од ЕХФ лигата на шампионите за сезоната 2019/2020. На таа листа се најде и Вардар, актуелниот европски првак. „Црвено-црните” ќе играа во А или Б групата, што според квалитет се најсилни. На 27 јуни ќе биде извршена ждрепката кога ќе бидат познати и ривалите.

ЕХФ не го менуваше форматот и остануваат две групи со по 8 екипи, и плус уште две групи со по 6 екипи. Како што е познато уште два македонски клуба испратија барање до ЕХФ за дополнително место во ЛШ. Тоа се Еурофарм Работник и Металург од Скопје, но Европската ракометна централа ќе ги разгледа сите пристигнати барања па ќе одлучи кои ќе ја дополнат елитната ракометна лига.

 

ДИРЕКТНО ВО ГРУПИТЕ ОДАТ

Mешков Брест – Белорусија
Загреб – Хрватска
Алборг – Данска
Барселона – Шпанија
Кокс – Финска
ПСЖ – Франција
Фленсбург – Германија
Веспрем – Унгарија
Селфос – Израел
Елверум – Норвешка
Келце – Полска
Порто – Португалија
Динамо Букурешт – Романија
Чеховски Медведи – Русија
Целје – Словенија
Кадетен Шафхаузен – Швајцарија
Татран Прешов – Словачка
Савехоф – Шведска
Бешикташ – Турција
Мотор Запорожје – Украина

БАРАЊЕ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНО МЕСТО ВО ЛШ ИСПРАТИЈА

Еурофарм Работник – Македонија
Металург – Македонија
ГОГ – Данска
Бидасоа – Шпанија
Монпелје – Франција
Нант – Франција
Шамбери – Франција
Кил – Германија
Магдебург – Германија
ПИК Сегед – Унгарија
Еш – Луксембург
ОИР Арендал – Норвешка
Висла Плоцк – Полска
Спортинг – Португалија
Кристијанштад – Шведска