Неколку турски клубови покажуваат интерес за повремениот репрезентативец и член на Академија Пандев Љупче Дориев. Засега најблиску до неговиот потпис е Малатијаспорт.

Инаку се споменуваат и тимовите на Трабзонспор, Касимпаша и Коњаспор како можни дестинации за играчот на Академија Пандев.

Малатијаспор го води Серген Јалчин, кој што во играчката кариера кратко беше и во Шкупи (тогаш Слога Југомагнат). Според турските медиуми, почнати се преговори за ангажман на Дориев.

Минатата сезона од Акадмија Пандев во Турција замина Јани Атанасов кој потпиша за Бурсаспор.