Од денеска и официјално во продажба се пуштени билетите за последниот квалификациски дуел за пласман на ЕП меѓу Македонија и Грција. Оваа среда добро познато е дека ќе се игра во Струмица (недела). Цената на картите изнесува 200 денари и истите може да се набават само во градот домаќин на овој дуел, поточно МкТикетс во Струмица, Кафе бар Концепт.

„Поради специфичноста на натпреварот, малиот капацитет на салата и насоките од организаторот, билетите во строго ограничен број“, стои на официјалната страница на МКТикетс.

За постетување, Македонија на првата средба во Кожани беше изненадувачки совладана со 28-26. Нашите момци немаат право на кикс, со бод или триумф ќе го заверат првото место во групата.