Женската репрезентација на Македонија загуби од Албанија на денешниот контролен натпревар одигран во Либражд.

Иако Македонија имаше водство со гол во 15. минута, сепак, до полувремето Албанките стигнаа до израмнување, а во вториот дел и до уште два гола, за конечен триумф од 3:1.