Иако во последните неколку денови стигнуваа деманти за можната преселба на Илија Несторовски во Црвен Звезда, во Италија и Белград никако да престанат шпекулациите околу неговото доаѓање на „Маракана“.

Нашиот репрезентативец најверојатно ќе го напушти Палермо ова лето, а како сериозен конкурент за неговиот потпис е белградскиот состав.

„Македонецот неколку пати беше близу до потпис со некои руски и турски клубови. Меѓутоа во последно време, иднината на Илија Несторовски е поврзана главно со Црвена Звезда, која е фаворит за потписот. Финансиски, Црвена Звезда може да му понуди најмногу“, тврдат Италијанците.

Несторовски има договор со Палермо до 2021 година, но поради финансиските проблеми со кои се соочуваат сицилијанците, голема е веројатноста за негова преселба.