Се уште не стивнуваат реакциите по скандалот што се случи во Прилеп, а жртва на говор на омраза беше македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски. Како што ексклузивно соопштивме Алиоски бил избркан од ресторан во Прилеп затоа што зборувал на албански јазик. Такво нешто му се случи во родниот град.

„По примена пријава полицијата работи на расчистување на случајот. Веќе е извршен разговор со сопственикот и вработените во ресторанот“, изјавија од МВР за Спортмедиа.

Во меѓувреме Фудбалската федерација на Македонија остро го осуди овој немил настан окарактеризирајќи го како говор на омраза во кој е жртва фудбалскиот амбасадор на Македонија Езџан Алиоски.