Македонија утре на најновата ФИФА ранкинг листа ќе осамне на 73 место. Тоа значи пад од цели пет места во однос на последното рангирање. И ништо чудно ако се знае дека во овој јунски квалификациски циклус, нашата најдобра репрезентација и на двата меча, со Полска и Австрија, доживеа порази.

По подолго време ова ќе биде најголем пад на нашата најдобра фудбалска репрезентација. Да потсетиме дека на априлската листа, која беше последна, ние бевме на 68 место.