Денеска и официјално е утврден календарот за натпреварите во новата сезона во најатрактивниот национален фудбалски шампионат, англиската Премиер лига. Сезоната 2019/20 започнува на 9 август со натпреварот меѓу европскиот шампион Ливерпул и новајлиите во елитата, екипата на Норич.

Актуелниот шампион Манчестер Сити во премиерното коло од новата сезона стартува проотив екипата на Вест Хем со меч на гости. Тотенхем ќе се сретне со Астон Вила, Арсенал, пак, за противник ќе го има Њукасл.

Последниот натпревар од првиот круг ќе се одигра на 11 август меѓу Манчестер Јунајтед и Челзи што ќе биде огромно дерби уште на стартот на сезоната на „Олд Трафорд“.

Веќе во второто коло, Манчестер Сити ќе биде домаќин на Тотенхем, Челзи ќе игра со Лестер, а Ливерпул ќе се сретне со Саутемптон.