Според последните информации, сега и Севиља тргна по потписот на Елиф Елмас. Тие наводно нудат 15 милиони евра, плус Симон Кјаер да се пресели во Истанбул. Згора на тоа, шпанскиот тим нуди и 10% од следниот трансфер на македонскиот репрезентативец.

Листата на заинтересирани клубови за Елмас е долга. Меѓу оние кои го сакаат во своите редови се уште и Атлетико Мадрид, Интер, Наполи, Фиорентина…

Во меѓувреме турските медиуми пишуваат дека челници на Атлетико Мадрид вчера пристигнале во Истанбул за преговори со Фенербахче токму за трансфер на Елмас.