После немилиот настан кој се случи со Езџјан Алиоски кога бил избркан од ресторанот „Ла Страда“ во Прилеп поради зборување на албански јазик, дел од коментарите на текстот кој ексклузивно го објави „Спортмедиа“, беа дека тоа е ресторан сопственост на екс македонскиот репрезентативен голман Јане Николоски.

Го контактиравме и Јане Николоски да каже својата верзија од приказната. Тој во моментов е во Загреб и еве што изјави во врска со настанот и бркањето на Алиоски од ресторанот.

„Читајќи ги коментарите на Спортмедиа каде јас што бев лично повикан, сакам да демантирам дека ресторанот Ла Страда е во моја сопственост. Јас не сум сопственик на овој ресторан уште од 6. октомври 2018 година. Секако го осудувам настанот пред се како нормален човек, посебно како фудбалски човек. Сепак, и остро демантирам, дека имам било каква поврзаност со целиот овој настан за кој прочитав во Спортмедиа и се запознав со целата ситуација. Овој демант го давам со цел коментарите ме посочуваат мене како сопственик на овој ресторан.

Додека јас бев сопственик, се враќале гости само под еден услов: кога претходно биле резрервирани сите маси. Во детали не знам што е проблемот, затоа што веќе реков, немам врска со тој ресторан од минатата година. Уште еднаш повторувам, го осудувам овој настан“, ни изјави Николоски.