Кире Маркоски идната сезона ќе биде дел од кипарски АЕЛ. По одличната полусезона во Спартак Трнава, повторно се враќа на Кипар, овој пат АЕЛ ќе смета на него, односно нема да го пушти на позајмица.

Маркоски е во АЕЛ од 2018 година кога пристигна од Работнички. Минатите шест месеци ги мина на позајмица во Словачка.

Тој е дел од националниот тим на нашата земја во овие квалификации.