Една екипа од Северот за првпат стана шампион во најсилната кошаркарска лига на светот, НБА, а Македонија може да биде горда на ваквиот успех со оглед на тоа дека зад проектот Торонто Репторс стои Македонецот Џон Бутов Јуниор.

Битов Јуниор е син на канадски бизнисмен со македонско потекло, Џон Битов Сениор, кој е со корени од селото Габреш во околината на Куманово и кој се смета за македонски херој во модерно време. Битов Сениор е еден од основачите на идејата македонската дијаспора да биде промотор на економскиот развој на Македонија и е основач на Македонија2025, на чие чело во моментов е Битов Јуниор, а исто така е голем донатор во нашата земја во организации кои работат со слободи и права, како и едукација.

По 24. години работа и неуморна поддршка на проектот Торонто Рапторс, Битов и неговите партнери сезонава можеа да се израдуваат не само на историски пласман во финалето на НБА, туку и на првиот шампионски прстен.

„Се чувствувам како горд родител“, изјави Џон Битов Јуниор во пресрет на решавачкиот шестти меч од финалната серија, во кој неговата екипа стави крај на двогодишната доминација на Голден Стејт.