Сосема невообичаена глетка за секој фудбалски љубител е истовремено да гледа фудбалски меч, а од позадина китови кои се издигнуваат и нурнуваат во океан и глечери кои пловат по вода. Таа глетка ќе ја најдете на Гренланд. Да, точно така. Фудбал се игра и на Гренланд кој е познато како студено место и под вечен мраз. Но и тука се игра фудбал дури и има првенство кое за разлика од европските земји каде трае девет месеци, тука тоа трае само една недела. Логично кога се највисоки температурите и кога не е толку студено, затоа што во другите периоди нема услови за тоа.

Грелнад е голем колку Германија, Шпанија, Белгија, Франција, Италија, Швајцарија и Австрија заедно, но само 20% е земја. Останатиот дел е под мраз.

Можеби не сте знаеле но на Гренланд моментално има 5000 играчи или 10% од популацијата. До 2016 година на Гренланд се играло на земја и камења, а сега на вештачка трева.

Стадионот на главната фотографија е теренот на локалниот фудбалски клуб Г-44 од Кекертарсуак, град во западниот дел на Гренланд со околу 900 жители.

 

Локалниот шампионат брои осум клубови.  Најтрофеен е Б-67 од Нук, главниот град на Гренланд. Овој клуб има 13 титули, а последната ја освои минатата година. Зад него со 10 титули е Нагдлунгак 48.

 

ФФ на Гренланд не е членка на ФИФА, па оваа репрезентација игра неофицијални натпревари. Учествува на Островските игри  и најголеми успеси им се второ место во 2013 и 2017 година. Репрезентативците им се од локалните клубови.

Првиот меч го одиграл во 1980 година во поразот од Фарските Острови со 6:0. Највисоката победа им е 16:0 против островот Сарк сместен помеѓу Британија и Франција.

На Гренланд нема модерни стадиони со трибини, па луѓето покрај ограда или качени на карпи или од прозорците и терасите од куќите гледаат натпревари.