Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ е жртва на тешка кражба, во која остана без три скапоцени часовници со вкупна вредност од 82 илјади евра.

Додека тој имаше обврски со националниот тим, неговиот стан во Милано бил ограбен, а „Стампа“ открива дека играчот на Интер пријавил дека од домот му се украдени женски часовник Ролекс, вреден 20 илјади евра, уште еден женски часовник Каролина Бучи од 50 илјади евра, како и неговот Хублот, кој чини 12 илјади евра.

Фудбалерот тврди дека последен пат часовниците ги видел пред заминувањето за Хрватска, а дека освен нив ништо друго не недостасува во станот.

Интересно е што Перишиќ живее на 19. кат во елитен комплекс во монденската зона Гарибалди во Милано, а неговата зграда е под 24-часовен надзор и со исклучок на членовите од семејството во станот без да мине контрола може да влезе само нивната хигиеничарка.