Тиражниот спортски весник „Марка“ пишува дека Севиља веќе тргна по услугите на Елиф Елмас со тоа што доставил понуда до Фенербахче во висина од 15 милиони евра. Во понудата е вклучен и стоперот Симон Кјаер, и плус 10% од следниот трансфер на Македонецот.

Тоа е првиот тим од Шпанија кој со официјална понуда ќе се обиде да го земе „дијамантот“, додека челници на Атлетико Мадрид во изминатите неколку дена се во Истанбул каде преговараат со Фенербахче за можноста да го земат во своите редови македонскиот репрезентативец.

Од Италија, пак, последните информации се дека и Милан се вклучил во трка со Наполи, Фиорентина, Лацио и Интер за потписот на 19-годишниот фудбалер од средниот ред.