Ѕвездата на Манчестер Јунајтед и француската репрезентација Пол Погба во едно интервју допре до темата расизам која е се присутна на фудбалските трибини ширум Европа. Погба раскажа една интересна случка додека играл за Јувентус.

„Тажно е тоа да се види било каде, па така и на фудбалските арени. Потажно е кога навивачите тоа го прават во своите екипи кои имаат црни играчи. Таквите луѓе не го почитуваат ниту играчот, ниту екипата. Не знам што им се мота во главата на таквите луѓе, дали се расисти или само сакаат да те поттикнат да играш подобро“, раскажува Французинот.

 

„Игравме против Фиорентина и влегов од клупата кога некој почна да прави мајмунски звуци. Го прашав зошто го прави тоа. По мечот му го дадов дресот и сите беа среќни и ракоплескаа. Се молам за таквите луѓе и пробувам да им објаснам на луѓето дека во спортот треба да уживаат. Разбирам дека сакаат победа на својата екипа, но постојат други начини за привлекување на внимание. Да се прават мајмунски звуци во 2019 година е навистина жално и ниско“, додаде Погба.