После појавувањето на група „Иницијатива за спас на РК Вардар“, се појави сега иницијатива за спасување на фудбалскиот клуб Вардар, со надеж дека ќе помогне исто како што помогна на ракометниот клуб, кој, се чини, и натаму ќе има добар буџет.

„ФК Вардар е нешто повеќе од клуб за сите Скопјани и вистински ,,црвено – црни” вљубеници.

ФК Вардар е срцето и душата на Скопје. Клуб со највеќе титули во историјата на фудбалска Македонија. Клуб што во сезони достигнувал и посетеност од 20.000 илјади гледачи на Градски. Вардар е единствен клуб што играл во групи на едно масовно натпреварување.

Сега, денеска, нашиот миленик се соочува со ОГРОМНИ финансиски проблеми. Не сме ни свесни дека нашиот миленик во овој момент е во тешка криза, а згора на тоа и ,,казнет” со неможност за купување на нови играчи.

ОВАА СТРАНА нема за цел само лајкови да добива. Ги ПОВИКУВАМЕ управата, вистинските Вардарци, Комитите и г-дин Самсоненко јавно да ја поддржат оваа иницијатива и сите заедно да го тргнеме нашиот клуб од овие ,,темни облаци”.

Доста е со поделби и префрлување на топката!
Време е Вардар да го спасиме и да продолжи да функционира како и што впрочем заслужува!

Со почит.“, стои во описот на групата.