Откако во текот на вчерашниот ден имаше скандал со бркањето на Езџјан Алиоски од ресторанот „Ла Страда“ во Прилеп поради тоа што зборувал албански јазик, после неколку часа проблемите биле надминати. Алиоски доби извинување од сопственикот. Потоа на друго место се вклучил во хуманитарна акција за Дејан.

Неколку лица ја искористија шанса да се фотографираат со македонскиот репрезентативец.

Алиоски беше избркан од ресторан поради тоа што зборувал на албански јазик, вест која прв ја објави „Спортмедиа“, а потоа ја пренесоа сите медиуми во земјава. Говорот на омраза го осуди и ФФМ.