По завршувањето на сезоната на домашната фудбалска сцена, структурни промени во Битола. Еден од нашите најтрофејни фудбалски клубови, Пелистер, направи промени на тренерското и директорското место.

Според последните информации, Зоран Штерјовски е прв пик за тренер како замена за Дарко Крстевски.

Пеце Коруновски треба да биде нов спортски директор на местото на Менде Степановски.

Малку чудно што промените доаѓаат по една релативно добра пролет која битолските „зелено-бели“ ја имаа во второлигашката конкуренција, но останува да видиме како клубот ќе фунционира со новите имиња.

фото: BitolaNews