Еден Србин замина, на неговото место дојде друг. Лука Јовиќ остави силен впечаток минатата сезона во дресот на Ајнтрахт Франкфурт, а германскиот клуб реши да ја искористи шансата и да го продаде на Реал Мадрид за 65 милиони евра.

Заработи убави пари кои ќе може да ги вложи за ангажман на неколку нови фудбалери. И веднаш е најдена неговата замена и тоа во Црвена Звезда. 19-годишниот напаѓач Дејан Јовељиќ се пресели во тимот од Франкфурт, а Звезда ќе добие четири милиони евра плус уште еден милион преку бонуси, плус 10 отсто од наредниот трансфер на младинскиот репрезентативец на Србија.

ЗВЕЗДА ЗА ДВА ДЕНА ПРОДАДЕ ДВАЈЦА ТАЛЕНТИ

Покрај Јовељиќ, Црвена Звезда го продаде и 19-годишниот лев бек Алекса Терзиќ на Фиорентина за 1,5 милиони евра. Со тие пари и со парите од Јовељиќ, Звезда ќе може мирно да влезе во новатаа сезона, а дел да вложи во нови играчи. Се зборува дека шампионот на Србија повторно ќе проба да го донесе искусниот играч на врска на Ленс Алексис Рома. Наводно белграѓаните му понудиле месечна плата од 60.000 евра за репрезентативецот на Того да дојде на „Маракана“.