Борусија Дортмунд ја гледа својата шанса за трофејот наредната сезона. Оваа сезона не успеа поради бавниот финиш, но сега сакаат да направат супер тим кој, конечно, ќе му го пресече патот на Баерн. Изминатите години бевме сведоци на тоа како Баерн им ги собира талентираните играчи на Борусија Дортмунд, а сега „милионерите“ сакаат да го направат спротивното.

Од Германија доаѓаат информации дека Дортмунд го сака Матс Хумелс. Истиот тој играч кој потекнува од Баерн, но фудбалски се афирмира во Борусија Дортмунд пред да се врати во Баерн во 2016 година.

Преговорите меѓу двете страни се во напредна фаза, Борусија понудила меѓу 15-20 милиони евра, но најверојатно трансферот ќе изнесува помеѓу 25-30 милиони евра.

Хумелс помина осум години во Борусија Дортмунд, а со Баерн има договор до 2021 година. Претходно долги години Хумелс играше за младинските категории на „баварците“, а една сезона и за нивниот Втори тим.