Ракометарите го одработија и последниот тренинг во „Парк“ во Струмица пред утрешниот меч со Грција (18 часот) завршниот во квалификациите за ЕУРО 2020, а селекторот Данило Брестовац ги потврди промените во тимот.

Три нови имиња имаме во составот. Дарко Димитриевски ќе добие шанса на местото на Милорад Кукоски, кој со повреди на мечот со Турција, за повредениот Стојанче Стоилов нема конкретна замена, односно Пешевски и Никола Маркоски ќе треба да ја „држат“ линијата, но затоа бековската линија ќе добие уште еден играч, Горан Крстевски. Последната промена е Мартин Серафимов, кој ќе се најде на местото на Томислав Јагуриноски.

Што се однесува до останатите, сите се во строј и подготвени за мечот со Грција.