Струга Трим Лум уште од првиот ден во преодниот рок тргна амбициозно. Имено новиот прволигаш го договори Емран Рамадани, искусниот напаѓач кој минатата сезона во дресот на Ренова постигна 11 голови и беше еден од најдобрите стрелци во Првата лига. Секако дека ова за Струга Трим Лум е големо засилување. За услугите на искусниот офанзивец беа заинтересирани и други клубови, но стружани беа најконкретни и најбрзи.

Рамадани (27) е роден тетовчанец, инаку во својата кариера има играно и за екипите на Хајдук Кула, Шкендија, Кораби, Ренова, Партизани Тирана. Како што дознаваме, претседателот на Трим Лум Арбтрим Чира и директорот Бесарт Исаку, покрај Рамадани имаат намера да ангажираат уште неколку квалитетни прволигашки играчи. Очигледно е дека Струга Трим Лум не се шегува, нема намера следната сезона да игра епизодна улога во нашата елитна лига, напротив.