Според британски „Скај“ Манчестер Јунајтед е заинтересиран за стоперот на Вест Хем, 22-годишниот Исa Диоп.

Се споменува дека за добивање на услугите на Диоп клубот од „Олд Трафорд“ е подготвен да плати 45 милиони фунти, но од друга страна Вест Хем не е расположен да влезе во преговори за сума која е помала од 60 милиони фунти. Доколку „црвените ѓаволи“ не се спремни за наддавање се чини дека преговорите долго ќе траат.

Диоп минатата сезона одигра 38 натпревари, а во Вест Хем дојде пред година дена од Тулуз за трансфер од 22 милиони фунти.